Француски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Француски јазик (самонар. le français, la langue française) — јазик од романската група на јазици. Негова матична земја е Франција, а мајчин јазик е и во Белгија, во Валонија и Брисел, Швајцарија, Луксембург, Монако,Андора, Аостинска Долина (Италија), прекуморските департмани и територии на Франција и Белгија, вклучувајќи го и Квебек во Канада, како и на северозапад на Нов Бранзвик, на североисток од Онтарио и во помали делови на Манитоба, Алберта, Саскачеван и Британска Колумбија.
Француски | |
---|---|
Français | |
Изговор | fʁɑ̃sɛ/ |
Застапен во | Франција и 53 други земји |
Подрачје | Африка, Европа, Америка, Пацифик, изолирани региони во Азија 650 милиони на сите 5 континенти |
Говорници | Мајчин јазик и прв јазик: 295 милиони 2011,+400 милиони втор и странски јазик 2011 > Вкупно: проценето на од 500 милиони до 700 милиони на сите пет континенти 2011,франкофонија 1 милијарда 2011.[1][2][3][4] |
Јазично семејство | |
Писмо | Француска латиница |
Статус | |
Службен во | Франција, 31 други земји и бројни меѓународни организации |
Регулативен орган | Француска академија (Франција), Квебечка агенција за француски јазик (Квебек, Канада), Совет за развој на француски во Луизијана (Луизијана) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | fr |
ISO 639-2 | fre (B) fra (T) |
ISO 639-3 | fra |
Темносино: мајчин јазик; сино: службен јазик/широка употреба; Светлосино: јазик на културата; зелено: малцински |
Од 1970 година постои меѓународна организација за соработка на земјите во кои францускиот е службен јазик или важен јазик за комуникација и култура ова организација се вика франкофонија.
Францускиот јазик, заедно со англискиот, шпанскиот, кинескиот, арапскиот и рускиот се шесте службени јазици на Обединетите нации и заедно со англискиот се единствените два светски јазици кои се зборуваат на сите пет континенти со површина поголема од 28 000 000 [[км2]], односно 19% од површина на земјата и со повеќе од 650 милиони говорители од кои 250 милиони (6 ранг-листа) мајчин јазик, (4 јазик по бројот на говорители во светот), (после англискиот највлијателен јазик во светот) 400 милиони како втор и странски јазик т.е. 10% од светската популација според Интернационалната организација на франкофонијата 2008.
По англискиот (со 77%), францускиот (со 32%) е најизучуваниот јазик кај децата во Европската Унија, а потоа следи германскиот (18%), шпанскиот (8%) итн.