Фудбалски куп на Италија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалскиот куп на Италија (или познат по тамошното име Coppa Italia) е национален куп во фудбал на Италија. Првпат натпреварувањето било одржано во 1922, но друго вакво натпреварување не било одржано сè до 1936, од кога се играло редовно до 1943 година. Потоа натпреварувањето продолжило во 1958 година и оттогаш сè до денес се игра секоја сезона.
Земја | Италија |
---|---|
Основана | 1922 |
Број на клубови | 78 |
Тековен првак | Јувентус (15. титула) (2023–2024) |
Најмногу титули | Јувентус (15 титули) |
Мрежно место | Куп на Италија |
Трофеј | |
Фудбалски куп на Италија 2023-2024 |
Најуспешен клуб е Јувентус со 15 титули. Покрај тоа, тие одиграле најмногу финалиња од сите клубови, 22, потоа следи Рома со 17 финалиња. Торино е клубот кој има најмногу загубени финалиња (8).
Победникот во Купот на Италија добива место во европските турнири, поточно во Лигата на Европа. Клубот кој ќе ја освои Копа Италија 10 пати, ќе биде награден со сребрена ѕвездичка, слично како и во првенството, каде што екипата која ќе го освои Скудетото 10 пати - добива златна ѕвезда. Со титулата во 2015, екипата на Јувентус, станала првата која освоила сребрена ѕвезда во италијанскиот фудбал, додека на екипата на Рома ѝ недостасува уште еден наслов до ѕвездата, бидејќи моментално имаат 9 титули.
Ова натпреварување е познато и по подпросечната посетеност, затоа што повеќето екипи не играат со своите најдобри играчи во поголемиот дел од турнирот. Додека во Серија А, клубовите имаат и до 50.000 навивачи на натпревар, во купот едвај се собираат околу 30.000. Најмногу гледачи има во завршницата на турнирот, кога екипите се борат за влез во Европа, поточно во Лигата на Европа.