Фудбалски куп на Италија 2017-2018
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалскиот куп на Италија за сезоната 2017-2018, познат и како ТИМ куп поради спонзорството, било 71-вото издание на националниот фудбалски куп во Италија.
Фудбалски куп на Италија 2017-2018 TIM Cup 2017-2018 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Фудбалски куп на Италија | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 71-во | ||||
Организатор | Лега Серија А | ||||
Период | од: 29 јули 2017 до: 9 мај 2018 | ||||
Држава | Италија | ||||
Учесници | 78 | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Јувентус (13. титула) | ||||
Финалист | Милан | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Матео Ди Пјаца Макси Лопес Алберто Чери (сите по 4) | ||||
Одиграни натпревари | 79 | ||||
Постигнати голови | 239 (3,03 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Јувентус влегла во натпреварувањето како бранител на титулата, откако го победиле Лацио во финалето од претходната сезона со 2-0, а во оваа сезона успеале да го одбранат насловот. Во финалето тие биле подобри од Милан со 4-0 со головите на Меди Бенатија (два), Даглас Коста и автоголот на Никола Калиниќ, стигнувајќи до рекордната 13-та титула во ова натпреварување. Исто така, тие победиле во секој од својте пет натпревари во ова издание на Купот на Италија, притоа без да примат ниту еден гол со вкупна гол-разлика 10-0.
Со освојувањето на титулата, Јувентус станал првиот клуб кој успеал четири сезони по ред да го освои Купот на Италија.