Фудбалски куп на Италија 2023-2024
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалскиот куп на Италија за сезоната 2023-2024, познат и како Копа Италија Фречароса поради спонзорството, било 77-мото издание на националниот фудбалски куп на Италија.
Кратки факти Фудбалски куп на Италија 2023-2024 Coppa Italia Frecciarossa 2023-2024, Натпреварување ...
Фудбалски куп на Италија 2023-2024 Coppa Italia Frecciarossa 2023-2024 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Фудбалски куп на Италија | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 77-то | ||||
Организатор | Лега Серија А | ||||
Период | од: 5 август 2023 до: 15 мај 2024 | ||||
Држава | Италија | ||||
Учесници | 44 | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Јувентус (15. титула) | ||||
Финалист | Аталанта | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Аркадиуш Милик (4) | ||||
Одиграни натпревари | 45 | ||||
Постигнати голови | 144 (3,2 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Затвори
Екипата на Интер влегла во натпреварувањето како бранител на титулата, откако ја победиле Фјорентина со 2-1 во финалето од претходната сезона, но во оваа сезона не успеале да го одбранат насловот, откако биле елиминирани од Болоња во осминафиналето.
Победник во ова издание на Купот на Италија била екипата на Јувентус. До нивната 15-та титула во ова натпреварување, Јувентус стигнале совладувајќи ја Аталанта со 1-0 во финалето, одиграно на стадионот Олимпико во Рим. Стрелец на единствениот гол со кој било одлучено финалето бил Душан Влаховиќ.[1]