Хавајски Oстрови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хавајските Острови се архипелаг од 8 поголеми острови, неколку атоли, и голем број на мали островчиња и подводни планини кои се наоѓаат во северниот дел на Тихиот Океан. Целиот архипелаг се протега во должина од 2400 км од Хаваи (островот) на југ, до атолот Куре кој се наоѓа на најсеверниот дел од архипелагот. Порано оваа група на острови од Европејците и Американците била нарекувана Сендвич Острови (англ. Sandwich Islands). Името им било дадено од страна на Џејмс Кук, во чест на Џон Монтагу, четвртиот ерл од Сендвич. Сегашното име на архипелагот Хаваи е име и на најголемиот остров на архипелагот.
Познат и како Mokupuni o Hawai‘i | |
---|---|
Сателитска снимка на Хавајските Острови | |
Географија | |
Место | Тихи Океан |
Вкупно острови | 137 |
Највисока точка |
|
Управување | |
Сојузна држава | Хаваи |
Најголема населба | Хонолулу |
Хавајската монархија била соборена во 1893 година од богатите европски и американски доселеници на островите.[1] Била воспоставена република, и покрај спротставувањето на поголемиот дел од хавајскиот народ.[2] Доселениците во 1898 година успешно се договриле со САД за анексија на островите.[3] Хавајските острови се прогласени за најмлада, 50–та држава на САД, и тука спаѓаат скоро сите острови на хавајскиот архипелаг, вклучувајќи ги и ненаселените Северозападни Хавајски Острови, освен Мидвејски Атол кој е неинкорпорирана територија на САД во склоп на Малите оддалечени острови на САД.
Хавајските острови се издигнати врвови на големиот подводен планински венец, кој бил формиран од вулканската активност на врелите точки на обвивката на Земјиното јадро. Островите се оддалечени 3000 км од најблиското копно.