![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bc/Halligen_1650.png/640px-Halligen_1650.png&w=640&q=50)
Халиг
мал, незаштитен или малку заштитен мочуриштен остров / From Wikipedia, the free encyclopedia
Халиг (мн. хализи; германски: Halligen) — десет мали германски острови без заштитни брани во Ваденското Море, дел од Севернофризиските Острови, близу брегот на Шлезвиг-Холштајн, сместени низ округот Северна Фризија.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/85/Nordfriesisches_Wattenmeer_D_und_DK-en.png/640px-Nordfriesisches_Wattenmeer_D_und_DK-en.png)
Името потекнува од келтскиот збор „хал“ (hal) што значи „сол“, одредница за ниските предели во областа, кои често се поплавувани од солената вода при плимите. Поголем број на хализи постоеле во средниот век, отколку во XXI век. Постоењето на хализите е последица на честите поплави и слабата крајбрежна заштита. Поплавите биле повообичани во средниот век и крајбрежната заштита била далеку послаба. На картите може да се види дека овој дел од Северното Море постои благодарение на сожалување на морето.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bc/Halligen_1650.png/640px-Halligen_1650.png)
Хализите имаат области од 7 до 956 хектари и често се поранешни делови на копното, одвоено потоа од плимни бури и ерозија. Некои се делови на некогашни поголеми острови потопени од истите сили. Понекогаш, благодарение на седиментната база, островите се издигнувале и создавале еден поголем. Лангенес вклучува поранешен остров со истото име и два други кои биле наречени Нордмарш и Бутвел.
Градбите се изградени на повисоки вештачки ридови наречени Warften на германски јазик за заштита од плимните бури. Некои хализи исто така имаат пловечки брани.
На хализите не живеат многу луѓе. Нивните приходи главно доаѓаат од туризмот, крајбрежната заштита и земјоделството. Оваа последна дејност вклучува сточарство во плодните, често поплавувани, солени ливади.
Хализите се дел од Националниот парк Ваденско Море. Дел од нив, како Нордштрандишмор, Греде, Оланд, Лангенес и Хоге се опкружени од заштитното подрачје, но не се вклучени во него. Помалите хализи, како Хабел, Зидфал, Зидерог и Нордерог, како и Хамбургер Халиг се делови на националниот парк. Прошетки на калливите рамнини и информации може да се добијат од туристичките канцеларии.
На запад, германските хализи се заштитени од отвореното море преку Севернофризиските Гребенски Острови.
Островот Манде во данскиот дел на архипелагот е исто така технички дел од хализите, иако е далеку од останатите десет, кои се приближно еден до друг. До Манде може да се стигне од копното при ниска плима.