Хамбург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хамбург (германски: Hamburg, долногермански/долносаксонски: Hamborg) — втор најголем град во Германија и седми најголем град во Европската Унија.[2] Градот е дом на преку 1,8 милиони луѓе, додека метрополитенската област Хамбург (вклучува делови од соседните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн) има повеќе од 4,3 милиони жители. Хамбуршкото пристаниште е третото најголемо пристаниште во Европа (по пристаништата во Ротердам и Антверпен) и се наоѓа помеѓу дваесетте најголеми во светот.
Слободен и ханзин град Хамбург Freie und Hansestadt Hamburg | |||
---|---|---|---|
Сојузна покраина | |||
Координати: 53°33′55″N 10°00′05″E | |||
Држава | Германија | ||
Управа | |||
• Прв градоначалник | Олаф Шолц (СДП) | ||
• Владејачки партии | SPD | ||
• Гласови во Бундесратот | 3 (од 69) | ||
Површина | |||
• Град | 755 км2 (292 ми2) | ||
Население (2010-09-30)[1] | |||
• Град | 1.783.976 | ||
• Густина | 2,400/км2 (6,100/ми2) | ||
• Метро | 4.300.000 | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски бр. | 20001–21149, 22001–22769 | ||
Регион. код | 040 | ||
ISO 3166 | DE-HH | ||
Рег. таб. | HH (1906–1945; повторно од 1956) MGH (1945); H (1945–1947), HG (1947); BH (1948–1956) | ||
БДП | € 88.31 млрд. (2010) | ||
NUTS-регион | DE6 | ||
Мреж. место | hamburg.de |
Службеното име на Хамбург е Слободен и ханзин град Хамбург (германски: Freie und Hansestadt Hamburg).[3] Тоа ја прикажува историјата на Хамбург, како член на средновековната Ханза, како слободен царски град на Светото Римско Царство и самиот факт дека Хамбург е град-држава и една од шеснаесетте сојузни покраини во Германија.
Хамбург е главниот сообраќаен јазол во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа. Станал медиумски и индустриски центар, со фабрики и објекти на Ербас, Блом + Фос и Аурубис. Радискиот и телевизиски јавен дифузер „Норддојчер рундфунк“ (Norddeutscher Rundfunk) и издавачите, како што се Грунер + Јар и Шпигел се столбови на важната медиумска индустрија во Хамбург. Севкупно, има повеќе од 120.000 претпријатија.
Градот е главно туристичко одредиште, како за домашните така и за странските посетители, остварувајќи околу 7,7 милиони ноќевања во 2008 година.[4] Хамбург се нашол на 23. место во светот по квалитетот на живот во 2009 година,[5], повисоко во некои слични списоци[5], а во 2010 година градот се најде на 10. место во светот.