Хилари Даф
американска пејачка и глумица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хилари Ерхард Даф (англиски: Hilary Erhard Duff) (родена 28 септември 1987) е американска глумица, пејачка, текстописец, претприемач, модел, продуцент и автор. Родена и одгледана во Хјустон, Тексас, Даф се појави во локалните театарски продукции и телевизиски реклами пред стане позната во насловната улога во тинејџерската комедија „Лизи Мекгваер“ (анг. Lizzie McGuire) на каналот „Дизни“ (анг. Disney Channel). Формирана како тинејџерски идол, Даф ја репризира таа улога во филмот „Малата Лизи Мекгваер“ (анг. Lizzie McGuire) (2003) и се впушта во филмската индустрија со нејзините почетни филмови „Агент Коди Бенкс“ (анг. Agent Cody Banks) (2003), „Попуст на количина“ (анг. Cheaper by the Dozen) (2003), „Приказна за Пепелашка“ (анг. A Cinderella Story) (2004) и „Попуст на количина 2“ (анг. Cheaper by the Dozen 2) (2005) како дел од најголемите маркетиншки успеси во нејзината кариера.
Хилари Даф Hilary Duff | ||
---|---|---|
| ||
Основни информации | ||
Родено име | Хилари Ерхард Даф | |
Роден(а) | 28 септември 1987 Хјустон, Тексас, САД | |
Жанр | Поп, рок, денс, баблегум поп | |
Занимање | Глумица, пејачка, текстописец, моден творец, филмски продуцент, spokesperson | |
Инструмент | Вокал | |
Активност | 1997 — денес | |
Издавач | Walt Disney (2001—2003) Buena Vista (2001—2004) Hollywood (2002—денес) | |
Мреж. место | Official website |
Таа исто така учествува во низа на независни филмови со значајни улоги во „Воена Инкорпорација“ (анг. War, Inc.) (2008), „Според Грета“ (анг. According to Greta) (2009) и „Блодворт“ (анг. Bloodworth) (2011). Даф исто така се појавува и во многубројни телевизиски драми и комедии, како што се „Шепот на духови“ (анг. Ghost Whisperer), „Озборувачка“ (анг. Gossip Girl) и „Два и пол мажи“ (анг. Two and a Half Men), во прилог на споделување продукциски заслуги. Освен тоа, Даф исто така го позајмува својот глас за неколку анимирани филмови, како што се „Во потрага по Дедо Мраз“ (In Search of Santa) (2004) и „Крилја“ (2013). Во 2013, како гост глуми во посебна епизода од „Дора истражувачот“ (анг. Dora the Explorer). По потпишувањето за Холивуд рекордс, Даф го прошири нејзиниот репертоар за да ја вклучи поп-музиката, и има издадено четири меѓународно успешни студиски албуми. Нејзиниот деби албум, „Метаморфозис“ (анг. Metamorphosis), издаден во 2003, беше тројно сертифициран со платина од Здружението на музичките сниматели на Америка додека последователниот студиски албум „Хилари Даф“ (Hilary Duff) (2004) и албум компилација „Најбаранoтo“ (анг.Most Wanted) (2005) беа и двата сертифицирани со платина. Таа покажа зрелост со издавањето на „Достоинство“ (анг. Dignity) во 2007, којшто е прикажан како промена на нејзиниот стил на звук повеќе ориентиран кон играње. Сертифициран со злато, албумот „Со љубов“ (анг. With Love) ја изроди нејзината највисока позиција на американската сингл листа до моментот, којшто исто така се наоѓаше на број 1 на табелата Хот Денс Клуб песни на списанието „Билборд“. Тоа беше првиот од нејзините три последователни број еден на таа табела. Пред издавањето на „Најдоброто од Хилари Даф“ (анг.Best of Hilary Duff) во 2008 година, компилација од нејзините најголеми хитови, Даф има продадено 13 милиони албуми низ светот и настапувано ширум светот на четири концертни турнеи. Издавањето на „Бест оф“ автоматски го заврши нејзиниот договор со Холивуд рекордс по шест години на служба. По престанокот на нејзиниот договор со Холивуд рекордс, Даф зема неколку годишна пауза од нејзината музичка кариера и се фокусираше на својата глумечка и писателска кариера. Почнувајќи од септември 2013 година, Даф моментално работи на нејзиниот петти студиски албум за кој допрва треба да бидат откриени неговата издавачка куќа, премиерна дата и насловот. Разгранувањето во разни други индустрии, Даф се насочи кон модата со лансирањето на линија на нејзина сопствена облека, „Нешта од Хилари Даф“ и „Femme за DKNY Jeans“, освен тоа што потпиша со ИМГ Моделс и лансираше две ексклузивни колекции на парфеми со Елизабет Арден. „Нешта од Хилари Даф“, сепак, беше прекината во 2008 година, бидејќи Даф престана да има целосна контрола над сопствената линија на облека. За време на нејзината музичка пауза, Даф со помош на авторот Елис Ален, пишува серија од три новели за возрасни младинци. Трилогијата беше објавена под покровителство на корпорацијата „Симон и Шустер“. Првата новела „Еликсир“ беше објавена во октомври 2010 година. „Еликсир“ (анг. Elixir) беше топло прифатена и од критичарите и од обожавателите, и наскоро стана бестселер на „Њујорк Тајмс“. За поголема промоција на „Еликсир“, Даф започна турнеја за книгата наоколу во светот вклучувајќи ги Америка, Бразил, Франција и многу други земји. Огромниот успех на „Еликсир“ беше проследен со неговото продолжение, „Посветено“ (анг. Devoted), објавено во октомври 2011 година. Како што направи со „Еликсир“, Даф го промовираше „Посветено“ со турнеја, но овојпат само во рамките на САД. Последната книга во серијата, „Вистина“ беше објавена во април 2013 година. Трилогијата исто така постигна интернационален интерес со оглед на тоа дека Даф вредно работеше на промоцијата. Покрај глумечките, музички, модни и литературни потфати, Даф исто така придонесе за неколку хуманитарни цели. Меѓу нив беа „Благослови во ранец“ (анг. Blessings in a Backpack), кампања „Мисли пред да зборуваш“ (анг. Think Before You Speak Campaign), а неодамна во 2013 година, „Изгази го насилното однесување“. Што се однесува во врска со нејзиниот личен живот, Даф е омажена за поранешниот НХЛ играч Мајк Комри во 2010 година. Двојката заедно има син, роден во 2012 година.