Химна на Казахстан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Менин Казахстаним (казашка кирилица : Менің Қазақстаным; буквален превод „Мојот Казахстан“), службено позната како Државна химна на Република Казахстан[1] е државна химна на Казахстан, донесена на 7 јануари 2006 година.[2] Таа е заснована на истоимената песна напишана во 1956 година, составена од Шамши Калдајаков, а напишана од Жумекен Нажимеденов. Оваа ја заменила поранешната химна користена по независноста, која ја следела мелодијата на химната на Казахстанската ССР. Првичните стихови биле изменети од претседателот Нурсултан Назарбаев пред издавањето на указот.[3]
Кратки факти макед. 'Државна химна на Република Казахстан', Текст ...
макед. 'Државна химна на Република Казахстан' | |
---|---|
Казахстан Республикасинин Мемлектик Анурани (казашки) Государствениј Химн Республики Казахстан (руски) | |
Музичкиот текст на Државната химна на Казахстан „Менің Қазақстаным“ („Менин Казахстаним“). | |
Државна химна на Казахстан | |
Текст | Жумекен Нажимеденов, 1956 Нурсултан Назарбаев, 2006 |
Музика | Шамши Калдајаков, 1956 |
Усвоена | 7 јануари 2006 |
Звучен извадок | |
„Мојот Казахстан“ (инструментална) | |
Претходна | „Химна на Република Казахстан“ |
Затвори