Химна на САД
државна химна на САД / From Wikipedia, the free encyclopedia
Химната на САД е државна химна на Соединетите Американски Држави.
Најстарата преживеана хартија од „The Star-Spangled Banner“ од 1814 г. | |
Државна химна на САД | |
Текст | Френсис Скот Ки, 1814 г. |
---|---|
Музика | Џон Стафорд Смит, 1773 г. |
Усвоена | 3 март 1931; пред 93 години (1931-03-03)[1] |
Звучен извадок | |
„The Star-Spangled Banner“ | |
Текстот на актуелната химна „Star-Spangled Banner“ (преведено на македонски: Знамето опсипано со ѕвезди) произлегува од поемата „Одбрана на Форт Мекхенри“ (на англиски: Defence of Fort M'Henry),[2] напишана на 14 септември 1814 година од правникот и поет аматер Френсис Скот Ки откако го проследил нападот на тврдината Форт Мекхенри кај Балтимор од страна на британската Кралска морнарица за време на Војната од 1812-та. Ки бил инспириран од американско знаме со 15 ѕвезди и ленти, големо 9,1 на 12,8 метри, познато како Star-Spangled Banner, кое триумфално се веело над тврдината по победата на американските војници.
Поемата била прилагодена на мелодијата на „Анакреонтичката песна“, составена од Британецот Џон Стафорд Смит како официјална песна на Анакреонтичката заедница, џентлменски клуб на аматерски музичари кој постоел во 18 век во Лондон. Со нејзиното комплетирање, песната го добила името „Star-Spangled Banner“ по американското знаме од Форт Мекхенри и станала позната патриотска песна. Песната за првпат официјално била користена од американската морнарица во 1889 година.
На 3 март 1931 година, со одлука на Конгресот, „Star-Spangled Banner“ конечно станала државна химна на САД.
Пред „Star-Spangled Banner“, други песни се користеле како американски химни, меѓу кои и „Hail, Columbia“ во поголемиот дел од 19 век. „My Country, 'Tis of Thee“ исто така де факто се користела како химна,[3] а нејзинта мелодија е идентична со „Боже, чувај го Кралот“, химната на Обединетото Кралство. По Војната од 1812-та, на јавни настани се изведувале разни песни, вклучително „America the Beautiful“, која пред 1931 година била сметана за сериозен кандидат за државна химна на САД.[4]