Хонгконг (остров)
остров, втор по големина во состав на САР Хонгконг / From Wikipedia, the free encyclopedia
Островот Хонгконг е остров во јужниот дел на Хонгконг. Населението, заклучно со 2008 година, брои 1.289.500 жители, а неговата густина на население е 16.390 / км2.[1] На островот имало околу 3.000 жители расфрлани во десетина рибарски села кога бил окупиран од Велика Британија во Првата опиумска војна (1839–1842) Во 1842 година, островот беше официјално отстапен за секогаш, на Велика Британија според Договорот од Нанкинг, а на островот беше основан градот Викторија од страна на британските сили во чест на кралицата Викторија. Островот беше даден како гест на добра волја назад кон Кина на истекот од договорот на закупот на Новите територии, за да се обезбеди континуиран мир и фер трговија во областа.
香港島 | |
---|---|
Мапа на Хонгконг, истакнувајќи го островот Хонгконг (во зелено) | |
Географија | |
Координати | 22°15′52″N 114°11′14″E |
Површина | 78,59 км2 |
Највисоко издигнување | 552 м |
Највисока точка | Викторија |
Хонгконг | |
Демографија | |
Население | 1,270,876 (2011) |
Густина | 16,390 /km2 (42,45 /sq mi) |
Централното подрачје на островот е историски, политички и економски центар на Хонгконг. Северниот брег на островот го формира јужниот брег на пристаништето Викторија, кој во голема мерка е одговорен за развојот на Хонгконг, поради неговите длабоки води кои ги фаворизираат големите трговски бродови.
Островот е дом на многу од најпознатите знаменитости на Хонгконг, како што се „врвот Викторија“, Океанскиот парк, многу историски места и разни големи трговски центри. Северниот дел на островот Хонгконг, заедно со Новиот град Коулун и Цуен Ван, ја формираат основната градска област на Хонгконг. Нивната комбинирана површина е приближно 88,3 квадратни километри (34,1 квадратни милји) и нивната комбинирана популација (таа на северниот дел на островот и Коулун) е приближно 3,156,500, што е одраз на густината на население од 35,700 / км2 (91,500 / квадратни милји).