Хрватски јазик
јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хрватскиот јазик (хрватски: hrvatski jezik) е јужнословенски јазик. Се зборува од околу 6,5 милиони луѓе, главно Хрвати. Хрватскиот јазик најмногу се зборува во Хрватска и Босна и Херцеговина, но и кај хрватската дијаспора во светот. Во Хрватска и Босна и Херцеговина, хрватскиот е службен јазик, додека во Хрватска е и национален јазик. Покрај овие две држави, хравсткиот има статус на малцински или регионален јазик во Романија, Австрија, Црна Гора и Италија.
Хрватски јазик | |
---|---|
hrvatski jezik | |
Застапен во | Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во хрватската дијаспора. |
Подрачје | Балкан |
Говорници | 7.000.000 |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | хрватска азбука |
Статус | |
Службен во | Хрватска Босна и Херцеговина Црна Гора Градиште (Австрија) Карашова (Романија) Молизе (Италија) Војводина (Србија) |
Регулативен орган | Институт за хрватски јазик и лингвистика |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | hr |
ISO 639-2 | hrv |
ISO 639-3 | hrv |
Хрватскиот јазик е составен од воглавно три големи дијалектни групи, и тоа: штокавско наречје, чакавско наречје и кајкавско наречје. Стандардниот хрватски јазик се заснова на штокавското наречје, кое пак е исто така основа за стандардните српски, босански и црногорски јазик. Хрватскиот јазик се пишува со хрватската азбука, кое е единствено официјално писмо во Хрватска и второ официјално писмо во Босна и Херцеговина, покрај кирилицата.