From Wikipedia, the free encyclopedia
Црвеношиесто валаби (науч. Macropus rufogriseus) — торбар со средна големина (валаби) од семејството на кенгурите (Macropodidae), распространет во поумерените и поплодни краишта на источна Австралија, вклучувајќи ја Тасманија.
Црвеношиесто валаби[1] и Бенетово валаби | |
---|---|
Мајка со младо | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Инфракласа: | Торбари |
Ред: | Двопреднозаби |
Семејство: | Кенгури |
Род: | Кенгур |
Вид: | Црвеношиесто валаби |
Научен назив | |
Macropus rufogriseus (Демаре, 1817) | |
Подвидови | |
M. r. rufogriseus, Bennett's wallaby | |
Распространетост на црвеношиестото валаби |
Примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[3]
Видот се распознава по црниот нос и црните, белата лента на горните усни и сивкастото крзно со црвеникава боја по рамената. Тешки се 13,8-18,6 кг и достигнуваат должина до 90 см, при што мажјаците се поголеми од женките. По изглед се многу слични на црнопругестото валаби (Macropus dorsalis), но се поголеми, немаат црна пруга по грбот и имаат помеко крзно.[4] Живеат до 9 години.[5]
Црвеношиестото валаби живее во честаците и тврдолисните шуми во по брегот и повисоките делови на источна Австралија, и тоа од Бундаберг во Квинсленд до границата со Јужна Австралија;[5] Го има и во Тасманија, како и на многу од островите во Басовиот Проток. Во последните три децении, во Тасманија и Квинсленд бројот им е зголемен благодарение на две мерки. Едната е намалувањето на ловот, а другата е делумната сеча на шумите, која им овозможува чистинки за хранење ноќе, денски засолнувајќи се во честакот. Од помалку познати причини, црвеношиестите валабија се поретки во Викторија.
Оа се претежно самотни животни кои се собираат во поголем број само на местата што изобилуваат со храна, вода и засолништа. Кога се во групи, меѓу нив владее општествена хиерархија како кај другите видови валаби. Како и другите друштвени животни, валабијата прават гестови на меѓусебно помирување доколку претходно влезат во судир.[6] По природа се ноќни животни, што значи дека ноќта им служи за активност, а дење одмораат.[5]
Нагонот за парење кај женките трае 33 дена.[5] За време на додворувањето, женката најпрвин го лиже мажјакот по вратот, а потоа мажјакот ја гали по образот со својот образ. По ова, настапува кратка борба на две нозе, и на крај се случува парењето. По чинот на парење, двојката проведува еден заеднички ден пред да се раздели. Женката раѓа по едно младо, кое живее во нејзината торба околу 280 дена,[7] и живеат заедно уште еден месец. Мажјаците ја напуштаат мајката на возраст од две години, додека пак женките може да останат во мајчината територија цел живот. Покрај ова, црвеношиестото валаби практикува и посвојување на туѓи младенчиња. Оваа појава се забележува и кај разни други животни како волкот, слонот и некои риби.[8]
Ова животно се храни со треви, корења, листови од дрва и разен коров.[5]
Постојат три подвида на црвеношиесто валаби:
Бенетовото валаби (M. r. rufogriseus) од Тасманија е помало (одлика на островските видови), има подолго, потемно[4] и порунтаво крзно и се пари во втората половина од на летото (февруари-април). Приспособени се на живот околу луѓето и се среќаваат како пасат по тревници околу Хобарт и други градски населби. Континенталниот подвид (M. r. banksianus) е поголем и се пари преку целата година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.