Црква „Св. Богородица“ - Теарце
From Wikipedia, the free encyclopedia
Света Богородица попозната како Богородица Ќелије — црква посветена на Успението на Пресвета Богородица во тетовското село Теарце. Црквата се наоѓа над селото во местото викано Ќелија (Ќелије) - Градиште. Според сочуваните ѕидини и преданието тука се наоѓала старата црква Св. Богородица која сега е во урнатини . По ова предание археологот Блага Алексова во 1954 година извршила археолошко истражување и открила дека црквата е еднокорабна. Од пронајдената мермерна плоча во 1975 година се дознало дека црквата е изградена во периодот помеѓу 1618-1622 година. Жителите на село Теарце во 1975 година врз дел од темелите на старата црква, изградиле мала црквичка и до денешен ден во чест на празникот Голема Богородица на 27 и 28 август приредуваат вечера за присутните гости коишто доаѓаат од околните села на Полог и иселените теарчани од САД, Австралија и Европа.[1]
![]() ![]() Света Богородица - Ќелије | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Теаречка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Теарце |
Општина | Теарце |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Изградба | 1618-1622 (старата) 1975 (новата) |
Архитектонски опис | |