Црква „Св. Софија“ — Охрид
црква во Охрид, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Света Софија — катедрален црковен храм во стариот дел на градот Охрид во југозападниот дел на Република Македонија. Посветена е на Христос како Божествена Премудрост т.е. Св. Софија. Оваа црква претставува еден од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески.
Црква Света Софија | |
---|---|
Црквата Света Софија, од воздух. | |
Основни податоци | |
Место | Охрид, Македонија |
Припадност | Македонска православна црква |
Архитектонски опис | |
Архитектонски стил | византиски |
Завршен | ран XI век |
Ова е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија, која својата црковна власт ја протегала на територијата на север од Дунав, до албанските брегови на запад и до Солунскиот Залив на исток.
Покрај нејзиното значење како знаменитост, внатрешноста на црквата и нејзиниот двор и колонада претставуваат важно место за одржување на културни збиднувања како концерти и драмски претстави.