Човган
From Wikipedia, the free encyclopedia
Човган или Чоган — спортска тимска игра со коњи што потекнува од антички Иран (Персија).[1] Се сметала за аристократска игра и се одржувал на посебно поле, на специјално обучени коњи. Играта била широко распространета меѓу азиските народи. Се играла во Иран, Азербејџан, Таџикистан и Узбекистан.[2]
Во 2013 година, човкан во Република Азербејџан бил вклучен во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство со итна потреба од заштита.[3]