Чукотски автономен округ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чукотски автономен округ (руски:Чуко́тский автоно́мный о́круг) е автономен округ во Русија. Претставува автономен округ кој се наоѓа на рускиот далечен исток, и граничи со Република Јакутија на запад, Магаданската област на југозапад, Камчатскиот Крај на југ, а на исток со Беринговиот Проток е одделен од американската држава Алјаска. Анадир е најголем град и административен центар, и најисточна населба во Русија која има градски статус.
Чукотски автономен округ | |||
---|---|---|---|
Автономен округ | |||
Чукотский автономный округ | |||
Друга транскр. | |||
• чукчи | Чукоткакэн автономныкэн округ | ||
Химна: Химна на Чукотскиот автономен округ[1] | |||
Држава | Русија | ||
Федерален округ | Far Eastern[2] | ||
Економски регион | Far Eastern[3] | ||
Административен центар | Анадир | ||
Управа | |||
• Орган | Дума[4] | ||
• Гувернер[5] | Владислав Кузњецов[6] | ||
Површина[7] | |||
• Вкупно | 721.481 км2 (278,565 ми2) | ||
Ранг | 7th | ||
Население (2021 Census)[8] | |||
• Вкупно | 47.490 | ||
• проц. од (2018)[9] | 49.348 | ||
• Ранг | 82nd | ||
• Густина | 0,066/км2 (0,17/ми2) | ||
• Градскo | 68,2% | ||
• Селска | 31,8% | ||
Час. појас | [10] (UTC+12) | ||
ISO 3166 | RU-CHU | ||
Рег. таб. | 87 | ||
Службени јазици | руски[11] | ||
Признати јазици | чукчиски | ||
Мреж. место | чукотка.рф |
Чукотка е населена од Руси, Чукчи, и други домородни народи. Моментално, Чукотка е единствениот автономен округ во Русија кој не е вклучен, ниту е подреден на друг федерален субјект, откако се одвоил од Магаданската област во 1992. Тука се наоѓа езерото Елигитгин, кратерно езеро, и изгаснатиот вулкан Анјујскиј. Селото Уелен е најисточната населба во Русија.
Автономниот округ зафаќа површина од 737.700 km2, и е седмиот најголем федерален субјект во Русија, иако има население од само 50,526.[12] Чукотка е вториот најмалку населен федерален субјект, и има најмала густина на население од сите федерални субјекти во Русија.