Шале девојка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шале девојка е романтична комедија од 2011 година. Во филмот глумат Фелисити Џонс, Ед Вествик, Тамсин Егертон, Кен Дукен, Софија Буш, Бил Бејли, Брук Шилдс и Бил Наји. Филмот е продуциран од Пипа Крос, Хариет Рис, Дитмар Гуенче и Волфганг Бер, а сценариото е напишано од страна на Том Вилијамс. Снимен е на локација во Санкт Антон ам Арлберг, Австрија и во Гармиш-Партенкирхен, Германија. Критичките реакции на филмот беа поделени, додека изведбата на Џонс била пофалена. Филмот заработил 4.811.510 долари.