Ти си господар на свеста на сите луѓе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ти си господар на свеста на сите луѓе или Џана Гана Мана (бенгалски: জন গণ মন Jôno Gôno Mono) е државна химна на Индија. Напишана е на санскритизиран бенгалски јазик, и е прва од петте строфи на Браманската химна напишани и компонирани од страна на нобеловиот лауерат Рабиндранат Тагоре. Првпат е испеана на сесијата на Индискиот национален конгрес на 27 декември 1911 во Калкута. Како државна химна прифатена е на уставната асамблеа како индиска химна на 24 јануари, 1950.[1][2][3] Музиката за "сегашната верзија" е создадена од композиторот Рам Синг Такур, иако некои го оспоруваат тоа.[4][5][6][7]
Кратки факти макед. Ти си господар на свеста на сите луѓе, Текст ...
макед. Ти си господар на свеста на сите луѓе | |
---|---|
Jôno Gôno Mono | |
Национална химна на Индија | |
Текст | Рабиндранат Тагоре |
Музика | Рабиндранат Тагоре |
Усвоена | 1950 |
Звучен извадок | |
Jana Gana Mana (Instrumental) | |
Затвори
Нормалната интерпретација на химната е од 48 до 52 секунди. Кратката верзија трае околу 20 секунди.[1]