TCP/IP модел
From Wikipedia, the free encyclopedia
TCP/IP моделот (Трансмисиски контролен протокол/Интернетски протокол) е описна рамка за компјутерски мрежни протоколи создадена во 1970 од страна на DARPA, агенција на Министерството за одбрана на САД. Моделот еволуирал од ARPANET, кој беше првата светски широкопојасна мрежа и е претходник на Интернет.
TCP/IP модел понекогаш се нарекува Интернет модел или DoD модел.
TCP/IP модел, или Internet Protocol Suite, опишува множество на општи насоки за дизајн и имплементација на специфични мрежни протоколи за да се овозможи компјутерите да комуницираат преку компјутерска мрежа. TCP/IP обезбедува крај-крај поврзување и конкретизирање на тоа како треба да се форматирани податоците, адресирани, пренесени, насочени и примени на одредиштето. Протоколи постојат за различни типови на комуникациски услуги помеѓу компјутери.
TCP/IP моделот има четири издвоени слоеви како што е дефинирано во RFC 1122. Овој слој архитектура често се споредува со седум-слојниот OSI Референтен модел, користејќи термини како што e Интернет референтен модел. Сепак, ова е неправилно поради тоа што TCP / IP моделот е описен, додека OSI Референтен модел би требало да биде наменет за давање упатства, па оттука и се вика референтен модел.
TCP/IP моделот и слични протоколи се одржуваат од страна на специјална единица за интернет инжинерство (IETF).
TCP/IP (Интернет протокол Suite) |
---|
Апликациски слој BGP • DHCP • DNS • FTP • HTTP • IMAP • IRC • LDAP • MGCP • NNTP • NTP • POP |
Транспортен слој |
Интернет слој |
Линк слој ARP/InARP • NDP • OSPF • Tunnels (L2TP) • PPP • |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |