Wi-Fi
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вај-фај или Wi-Fi (од англиски: Wireless Fidelity, безжична веродостојност) — заштитен знак на алијансата за безжично поврзување, кој производителите можат да го користат за обележување на своите сертифицирани производи од класата на WLAN (wireless local area network) односно уреди засновани на IEEE 802.11 стандардите. Поради поврзаноста со овие стандарди, поимот Wi-Fi често се користи како синоним за технологијата заснована на IEEE 802.11стандардите. Wi-Fi алијансата претставува светска непрофитабилна асоцијација на компании кои ја поддржуваат и унапредуваат WLAN технологијата и кои издаваат сертификати за производи кои се во согласност со одредени стандарди за електронска комуникација. Не секојa направа која одговара на IEEE 802.11 стандардот е предадена за тестирање за издавање на сертификат од страна на Wi-Fi алијансата, честопати поради високите трошоци за издавање на сертификатот. Ако некоја направа, односно уред не го носи Wi-Fi логото на себе, тоа не мора да значи дека истиот не во склад со другите Wi-Fi уреди. Од 2010 г. IEEE 802.11 технологијата се вградува скоро во сите лични сметачи, конзоли за видеоигри, smart phone телефони, печатачи и други надворешни единици и буквално во сите лаптоп и хендхелд компјутери.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |