Ѓоновичко Кале

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ѓоновичкото Кале познато и како Каја или Ѕвездено Калеархеолошко наоѓалиште во гостиварското село Горна Ѓоновица. Претставува утврдена населба од римското време и средниот век. Се наоѓа на патот за селото Србиново, над левиот брег на реката Лакавица, на висок рид со висорамнинка, каде се гледаат остатоци од утврдување и делови од една кула чии бедеми се зачувани наместа и до 5 м во височина. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и многуброен градежен материјал. Исто така се среќава и згура од топена железна руда. Калето имало функција да ја штити комуникацијата Македонски Брод-Кичево.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Местоположба

Возвишението се наоѓа на границата на атарот на селото Лакавица и Горна Ѓоновица, сместено на подножјето на планината Буковиќ, при вливот на Симничка и Падалишка Река. Возвишението е каменесто и лесно за одбрана, поради што таму Ѕвезда, сестрата на Крале Марко, подигнала тврдина.[2]

Состојба

До 1947 година, од тврдината се познавале остатоци од ѕидови.[2]

Поврзано

  • Ѕвезда — населба од железно време, доцнатата антика и средновековието;

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads