Ѓуле (спортска опрема)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѓуле (спортска опрема)
Remove ads

Ѓуле[1][2] или кугла[3][4] – спортски реквизит што се користи во атлетската дисциплина фрлање ѓуле.

Thumb
Спортски реквизит ѓуле

Видови ѓулиња

Ѓулето како спортски реквизит се изработува од различни видови материјали во зависност од неговата намена. Mатеријали што се користат за изработка на ѓулиња се: песок, железо, леано железо, цврст челик, нерѓосувачки челик, месинг и синтетички материјали како поливинил. Некои метали се погусти од другите, поради што големината на ѓулето е различна. На пример, различни материјали се користат за правење ѓуле за фрлање во сала и фрлање на отворено - бидејќи мора да се земе предвид оштетувањето на околината - така што вторите се помали. Постојат различни стандарди за големина и тежина на ѓулето кои зависат од возраста и полот на натпреварувачите, како и од правилата на управното тело.

Remove ads

Тежина

Во натпреварите во машка конкуренција ѓулето тежи 7,26 кг, а во женска конкуренција тежи 4 кг. На јуниорските, училишните и ветеранските натпревари се користат ѓулиња, обично под тежините на оние што се користат на сениорските натпревари.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads