Ѕвездена атмосфера

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѕвездена атмосфера
Remove ads

Ѕвездена атмосфера — надворешната област од зафатнината на една ѕвезда, која се наоѓа над ѕвезденото јадро, зрачната зона и конективната зона. Таа е поделена на неколку области со различни одлики:

  • Фотосферата, која е најнизок и најстуден слој на атмосферата е обично единствениот видлив дел.[1] Светлината која ја напушта површината на ѕвездата главно доаѓа од овој слој и поминува низ повисоките слоеви. Фотосферата на Сонцето има температура од околу 5.770 К до 5.780 К.[2][3] Ѕвездените дамки се студени региони со нарушено магнетично поле кои се на површината на фотосферата.[3]
  • Над фотосферата се наоѓа хромосферата. Овој дел од атмосферата првично се лади и подоцна се загрева 10 пати повеќе отколку температурата на фотосферата.
  • Над хромосферата се наоѓа преодна област, каде температурата расте брзо на растојание од 100 км.[4]
  • Најдалечниот дел од ѕвездената атмосфера е короната, бледа плазма која има температура над еден милион келвини.[5] Додека повеќето ѕвезди на главната низа имаат преодни области и корони, ова не е случајот со сите развиени ѕвезди. Можно е само некои џиновски ѕвезди и суперџиновски ѕвезди да поседуваат корони. Еден нерешен проблем во ѕвездената астрофизика е како короната може да се загрева на толку високи температури. Одговорот се наоѓа во магнетните полиња, но механизмот и начинот не се познати.[6]
Thumb
Фотографија снимена во Франција за време на затемнувањето на Сонцето 1999 година.

За време на целосно затемнување на Сонцето фотосферата на Сонцето е прикриена, покажувајќи ги останатите слоеви на атмосферата.[1] За време на затемнувањето на Сонцето, хромосферата изгледа како тенок розовкаст лак,[7] и короната може да се набљудува како праменест ореол. Истата појава при затемнувањето кај двојните ѕвезди може да ја направи видлива хромосферата на џиновските ѕвезди.[8]

Remove ads

Поврзано

  • Сесилија Пејн-Гапошкин

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads