Ѕвоно
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѕвона се најчесто метални предмети со различна големина, кои при уда во нив произведуваат звук. Се употребуваат со различна намена: како музички инструменти, како средство за известување, за верски цели итн.
Музички инструмент
Ѕвона како музички инструмент по боја на тонот потсетуваат на црковните ѕвона, а во симфонискиот оркестар најчесто се користат за специјални ефекти, а поретко како самостоен инструмент. Го сочинуваат низа од метални цевки со различни должини кои се закачени за специјална рамка. Висината на тонот зависи од должината на цевките: колку е цевката пократка тонот е повисок и обратно. Тонот се добива со удар со дрвен чекан кој е со филцна глава за цевката.
Remove ads
Ѕвоното како мотив во уметноста и во популарната култура
- „Ѕвона“ — песна на словенечкиот поет Отон Жупанчич.[1]
- „Ѕвоно“ (шпански: Campana) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[2]
- „Мртовечко ѕвоно“ (шпански: Clamor) — песна на Федерико Гарсија Лорка.[3]
- „Војна на камбаните“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[4]
- „Песна за камбаната“ (германски: Das Lied von der Glocke) — песна на германскиот поет Фридрих Шилер.[5]
- „Утринско ѕвоно“ (англиски: Morning Bell) — песна на британската рок-група Рејдиохед (Radiohead) од 2000 година.[6]
- „Подморнички ѕвона“ (англиски: Submarine Bells) — песна од истоимениот музички албум на новозеландската рок-група Чилс (The Chills) од 1990 година.[7]
Remove ads
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads