Јаворнички Водопад
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јаворнички Водопад (бугарски: Яворнишки водопад) — мал водопад на Јаворничка Река, десна притока на Струмица. Сместен е на 770 м.н.в. на планината Беласица[1] Лежи на 1,5 км јужно од село Јаворница во Петричко, Пиринска Македонија.[2]
Од сретселото се оди до водопадот по обележана патека наречена „Пеперутките и цвеќињата на Беласица“ (Пеперудите и цветята на Беласица). По неа има четири информативни табли: „Животниот циклус кај пеперутките“, „Пеперутките и цвеќињата на Беласица по отворените места“, „Пеперутките и цвеќињата на Беласица во грмушките“, „Пеперутките и цвеќињата на Беласица во шумата“.[3] По излегувањето од селото се продолжува по козја патека. По крстопатот се продолжува напред и се пресекува поранешната ограда. Се продолжува по дрвено повче над реката и се оди напоредно на неа по каменлива патека. Малку пред тоа, меѓу чинарова шума се издига Јаворничкиот Водопад.[2][4][5]
Remove ads
Слики
- Слики од патеката „Пеперутките и цвеќињата на Беласица“
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads