Јадранка Стојаковиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јадранка Стојаковиќ
Remove ads

Јадранка Стојаковиќ (српски: Јадранка Стојаковић - 24 јули 1950 – 3 мај 2016) беше југословенска пејачка, кантавторка, текстописец, по потекло од Босна и Херцеговина, популарна во поранешна Југославија, позната по нејзиниот единствен глас. Нејзините најпознати хитови се: „Се можевме ние“, „Зошто те нема“ и „Бистри води низ Босна течат“[1].

Кратки факти Јадранка Стојаковиќ, Животописни податоци ...
Remove ads

Животопис

Родена во Сараево, во семејство на учители, детството го поминала во едно мало село во близина на Босански Нови, каде нејзините родители биле назначени да предаваат. Родители набрзо се развеле а таа се преселила со нејзината мајка назад во Сараево. Во текот на следните неколку години, со нејзината мајка биле во постојано преселување - затоа што нејзината мајка, работела како наставник, кадар којшто недостасувал - Дубровник, Градац на Море, Вареж. Мајката и ќерката на крајот се населиле во село околу Сараево, каде младата Јадранка поминала значаен дел од своето детство.

На 16-годишна возраст, Стојаковиќ се приклучила на џез групата, на нејзиниот чичко Вукашин Радуловиќ и настапувала со нив низ целата земја, како и во другите делови на Европа (претежно во Германија ). Во 1981 година таа пееше беквокал со Исмета Дервоз (попосле Крвавац) за југословенскиот претставник Вајта на Евровизија 1981 во Ирска. На Зимските олимписки игри 1984, што се одржаа во нејзиното родно Сараево, ја испеала официјалната тематска песна на Игрите. Во тоа време, таа била наградена за најдобар уметник на СФР Југославија. Таа престојувала во Јапонија од 1988 до 2011 година. Во 2009 година, доживеала тешка повреда на сцената. Нејзината повреда била дијагностицирана како амиотрофична латерална склероза (АЛС), моторна невронска болест[2].

Тогаш ја доби малата компензација за нејзината повреда, Стојаковиќ се врати во Босна и продолжи да се бори кон инвалидитетот. Покрај тоа, Стојаковиќ со години се расправаше со босанските власти за да си го врати имотот, стан си во Сараево што и беше одземен додека седеше во странство. Како и да е, таа продолжила да компонира интензивно[3].

По нејзиното враќање од Јапонија, Стојаковиќ извела неколку однапред закажани концерти во 2011 година, но на крајот се повлекла во старечки дом во Бања Лука, Босна и Херцеговина, потешко болна.

Таа починала во старечки дом на 3 мај 2016 година. Погребана е на 9 мај 2016 година во Врбања, предградие на Бања Лука.

Remove ads

Дискографија

Албуми

  1. „Зора“, ЛП 8018, Дискотон Сараево, 1981 година[4].
  2. „Да ја одмориш малку душата“, ЛП 8052, Дискотон, Сараево, 1982 година,
  3. „Сè повеќе те сакам“, ЛП 3149, Сараево диск, Сараево, 1985 г.
  4. „Верувам“,ЛП 2122677, ПГП РТВ Белград, 1987
  5. „Бебе Универзум“, Омагатоки Рекордс, 1996 година

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads