Јазол (астрономија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Орбитален јазол — една од двете точки во кои една орбита сече појдовната рамнина кон која е наклонета.[1] Ненаклонетата орбита која целосно лежи на појдовната рамнина нема јазли.

Појдовни рамнини
Ова се позастапени појдовни рамнини:
- За околуземска орбита, екваторската рамнина на Земјата. Во овој случај, ненаклонетите орбити се нарекуваат екваторски.[2]
- За околусончева орбита, еклиптиката или неменливата рамнина. Во овој случај, ненаклонетите орбити се нарекуваат еклиптички.[2]
- За орбита вон Сончевиот Систем, рамнината низ главното тело нормална на линијата низ набљудувачот и главното тело (наречена рамнина на небото).[3]
Remove ads
Разликување на јазлите

Двата јазла можат да се различат ако ја определиме појдовната насока од една страна на појдовната рамнината кон другата. За околуземски и околусончеви орбити, искачувачкиот јазол (или северен јазол) е онаму каде кружечкото тело се движи северно кон појдовната рамнина, а спуштачки јазол (или јужен јазол) а онаму каде се движи јужно кон истата рамнина.[4] Во случај на тела вон Сончевиот Систем, искачувачкиот јазол е јазолот каде кружечкото тело се оддалечува од набљудувачот, а спуштачкиот јазол е јазолот каде тоа се доближува.[5], p. 137.
Положбата на јазолот може да послужи како еден од низа параметри (орбиталните параметри), кои ја опишуваат орбитата. Ова се прави укажувајќи ја должината на искачувачкиот јазол.
Јазолна линија е пресекот на орбиталната рамнина на телото со појдовната рамнина, и минува низ двата јазла.[2]
Remove ads
Симболи
Искачувачкиот јазол се бележи со симболот (уникод: U+260A, ☊), а спуштачкиот со
(уникод: U+260B, ☋).
Месечеви јазли
За орбитата на Месечината околу Земјата, за еклиптика се смета рамнината, а не екваторската рамнина. Гравитациската влеча на Сонцето предизвикува јазлите на Месечината постепено да прецесираат кон запад, правејќи циклус за околу 18,6 години.[1][6]
Поврзано
- Затемнување
- Ојлерови агли
- Должина на искачувачкиот јазол
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads