Yazoo
британска музичка група From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Yazoo (македонски: Јазу; позната како Yaz во Северна Америка) ― англиска синт-поп група од Базилдон, составена од поранешниот член на Depeche Mode, Винс Кларк (клавијатури) и Алисон Моје (пејачка).[9] Групата била основана кон крајот на 1981 година откако Кларк се јавил на огласот за основање група кој Моје го објавил во британско музичко списание.
Набрзо дуетот објавил два албума: Upstairs at Eric's (1982) и You and Me Both (1983), чие продуцирање било пофалено од критиката, а особено спојот на синтисајзерските мелодии од Кларк со блуз и соул-гласот на Моје.
Yazoo имале успеси на топ-листите низ цел свет, но особено биле популарни во Обединетото Кралство, каде што три од нивните четири синглови се пласирале меѓу првите три места на табелата за синглови во Обединетото Кралство, а двата нивни албуми се пласирале на првите две места на Британската топ-листа за албуми.[10] Нивни најуспешни песни биле: „Don't Go”, „Only You”, „Situation”, „Nobody's Diary” и „Ode to Boy”. На Британските музички награди во 1983 година, групата ја освоила наградата „Британски пробив на годината“,[11] а била номинирана и за „Британска група на годината“.[12]
И покрај успехот, групата се распаднала во мај 1983 година како резултат на неподготвеноста на Кларк да направи повеќе записи под името Yazoo и недостатокот на комуникација помеѓу двата члена.[13][14][15]
По распадот, Кларк ја основал групата Erasure, уште едно успешно и подолговечно синт-поп дуо, а Моје започнала многу успешна соло-кариера. Иако групата постоела кратко време, комбинацијата на Yazoo на електронски инструменти со женски глас се наведува дека влијаело врз хаус музичката сцена која се појавила во средината на 1980-тите,[13] како и врз групите: LCD Soundsystem, Hercules and Love Affair,[13][16] La Roux, Shiny Toy Guns и Blaqk Audio.
Во 2008 година, 25 години по разделбата, Кларк и Моје се смириле и под името Yazoo имале успешна турнеја низ Обединетото Кралство, Европа и Северна Америка како поддршка за реиздавањето на двата студиски албуми од Yazoo и бокс-сет од нивниот материјал насловен како In Your Room. Двојката накратко се обединила во мај 2011 година за да испеат три песни од Yazoo на музички фестивал организиран од нивната издавачка куќа.
Remove ads
Дискографија
- Upstairs at Eric's (1982)
- You and Me Both (1983)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads