Јакина
село во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јакина (грчки: Ασκός, Аскос; до 1927 г. Γιακίνια, Јакинија[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Лагадина во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.014 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото е сместено во јужните пазуви на Богданска Планина, на 9 км јужно од Сухо и источно од Лагадина.[3]
Историја
Во османлиско време Јакина првобитно била населена со Јуруци, а потоа станала турско село со 153 куќи. Подрачјето на Јакина зафаќало 70 км2 и впрочем било збир од повеќе маала кои се сметале за одделни населби: Камбулу, Кара Исли, Меминли, Дере Махале, Прнар Баши, Џами и Чил Махале.[3] Со Букурешкиот договор во 1913 г. тој дел на Македонија потпаднал под Грција, кога селото броело 1.186 жители, сите Турци. На овој попис маалата се вбројани заедно во целината на Јакина. Во 1920 г. се забележани вкупно 1.156 турски жители, иако населението на секое маало е попишано одделно.
Напомена: Во пописот не е спомнато маалото Меминли, поради што Симовски претпоставува дека било растурено во Првата светска војна.[3] Во подоцнежните официјални сознанија се гледа дека маалото сепак продолжило да постои, што значи дека во 1920 г. е попишано, но изоставено како одделно маало; ова се гледа од фактот што недостасуваат 30 жители за да се добие вкупниот број на населението на Јакина утврден таа година.
Во 1924 населението како муслиманско е иселено во Турција, и во Јакина властите довеле Грци дојдени од Аскос (денес Јалиќој), Источна Тракија, а подоцна и понтски Грци од селото Ахтас.[4] Во 1927 г. името му е сменето во Аскос, според источнотракиското село од кое дошле првите доселени Грци.
На пописот од 1928 г. е заведено дека Јакина се состоела од маалата Камбулу, Кари Исли, Меминли и Прнар Баши, опфаќајќи вкупно 1.307 жители. Во 1940 г. е забележано дека во Јакина живееле 1.336 лица, за во 1951 г. да се зголемат на 1.802, а во 1961 на 2.143 жители.[3] Во 1971 г. населението се намалило на 1.667 лица, па повторно почнало да се зголемува, со 1.788 во 1981 и 2.012 во 1991 г.[3] Оттогаш, во следните децении бројт на жителите бележи повторен пад. лпга во 2001 г. се попишани 1.493, а во 2011 г. — 1.426 жители.
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото има површини од обработливо земјиште со плодна почва на која се произведуваат памук, пченица и други култури.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads