Јакуб Блашчиковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јакуб Блашчиковски
Remove ads

Јакуб Блашчиковски (полски: Jakub Błaszczykowski; р. 14 декември 1985 ) — полски фудбалер, играч од средниот ред на Висла Краков и на полската репрезентација.

Кратки факти Јакуб Блашчиковски, Лични податоци ...

Блашчиковски двапати бил избран за Најдобар фудбалер на годината во Полска во 2008 и 2010 година.

Remove ads

Кариера

Роден е во Турколаси близу Ченстохова и започнал да игра фудбал во екипата на Ракув Ченстохова во 1993 година. Како младинец играл и за Гурник Забже, а потоа и за КС Ченстохова каде го направил своето професионално деби во 2003.

По една сезона во овој клуб во која бил многу успешен, Блашчиковски бил купен од страна на Висла Краков, еден од гиганти во полскиот фудбал. Со нив го освоил полското првенство во сезоната 2004-2005 и бил еден од најдобрите фудбалери на клубот во двете сезони додека играл за Висла. Во 2007 година потпишал за германскиот Борусија Дортмунд. Со популарните милионери освоил две титули во Бундеслигата, еден Куп на Германија и два Суперкупа на Германија.

На 25 мај 2013, играл до 90-тата минута кога бил заменет од Јулијан Шибер во Финалето на Лигата на шампионите 2013-2014, во кое Борусија загубила од Бајерн Минхен со 2-1.

На 31 август и се приклучил на Фјорентина, на позајмица за сума од 1 милион евра, со право на откуп за 6 милиони евра. Дебитирал за Фјорентина во натпреварот од првенството против Џенова во победата со 1-0, влегувајќи како замена на местото на Борха Валеро. На 23 септември го постигнал првиот погодок во дресот на виола во победата со 2-0 над Болоња на домашен терен. Својата единствена сезоната во Фиренца ја завршил со 18 настапи и 2 гола во сите натпреварувања, по што се вратил во Германија.

На 1 август 2016, Блашчиковски му се приклучил на Волфсбург за сума од 5 милиони евра, потпишувајќи три годишен договор со клубот.

Remove ads

Титули

Полска Висла Краков[1]

Германија Борусија Дортмунд[1]

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads