Јалиџик
село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јалиџик (грчки: Φίλυρο, Филиро; до 1926 г. Γιαλιτζίκ/Γιαλιτζήκ, Јалиѕик[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 5.531 жител (2021).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во северниот дел на планината Хортач, на 4 км источно од солунската населба Лембед и на 5,5 км североисточно од Кара Усеин. На 2 км северно од селото, на Хортач е сместен големиот старостилен манастир „Св. Рафаил и Св. Троица“.[3]
Историја
Во XIX век Јалиџик било турско село во Солунската каза. Според Боривое Милоевиќ, пред војните селото имало 100 турски куќи.[4] Во текот на војните населението го напуштило селото[5]. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1914 г. во Јалиџик се доселиле три големи рода од Понт и Кавказ, но претежно од покраината Карс. Доселувањето продолжило и понатаму. Во 1920 г. селото имало 361 жител.[5] Во 1928 г. селото е преименувано во Филирос или Филиро. Во 1928 г. тоа е заведено како дојденско село со 97 дојденски семејства сочинети од 365 лица.[6]
Во 1981–1993 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads