Јаник Боласие

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јаник Боласие
Remove ads

Јаник "Јала" Боласие (роден на 24 мај 1989 во Лион, Франција) — фудбалер од Демократска Република Конго, играч од средниот ред на Евертон.

Кратки факти Јаник Боласие, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Рана кариера

Боласие ја започнал својата кариера со Рашден и Дајмондс на возраст од 16 години.[3] Тој поминал четири месеци како член на нивниот младински тим, а потоа имал престој во Хилингдон Боро во седмата англиска лига, пред да ја напушти Англија и да потпише за малтешката екипа Флоријана во 2007 година. Тој се вратил во Англија во 2008 година, откако му било понудено да дојде на проби во Плимут, каде доволно импресиониранл за да му биде понуден две-годишен договор.[4] Во 2008 година се вратил се вратил во Рaшден и Дајмондс, екипата во која "поникнал", на неколку-месечен заем.[5] Тој го направил своето деби против Истборн Бороу на 29 ноември,[6] и направил седум настапи во Конференција пред да се врати во Аргајл во јануари 2009 година. Потоа следувале две позајмици во Барнет. Првата започнала на 25 јануари 2009 и траела до крајот на сезоната 2008-09, а Боласие одиграл 20 натпревари и постигнал 3 гола. Откако по завршувањето на сезоната, Боласие накратко се вратил во Плимут, во јули 2009 година тој отишол одново во Барнет на шест-месечна позајмица играјќи во 22 натпревари и постигнал 2 гола.

Плимут

Thumb
Боласие на тренинг со Плимут Аргајл во 2010

Боласие се вратил во Плимут во јануари 2010 година[7] и му била дадена шанса да импресионира од страна на менаџерот Пол Маринер, кој го наследил Старок еден месец порано, и го вклучи во тимот за гостувањето кај Барнсли на 13 февруари 2010.[8] Тој го направил своето деби за клубот во тој натпревар, влегувајќи како замена од клупата за да даде промена на моментумот од 1-0 дефицит до победа од 3-1 за гостите.[9] Тој го постигнал својот прв гол за клубот две недели подоцна во поразот на гости од Шефилд Јунајтед со 4-3.[10] Крилниот играч,[11] ја завршил сезоната со 16 првенствени настапи во Чемпионшип лигата[12], но не можел да помогне клубот да се спаси од испаѓање во Лига Еден. На Боласи му бил понуден нов договор со клубот во април 2010 година,[13] и тој го потпишал во јули, по доаѓањето на Питер Рид како нов менаџер на клубот.[14]

Бристол Сити

Боласие му се приклучил на Бристол Сити на 6 јуни 2011 година за неоткриена сума и потпишал двегодишен договор.[15][16] Тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата со 3-1 против Ковентри Сити на 9 април 2012 година.[17] Тој поднел писмено барање за да биде ставен на трансфер листа во август 2012 година, бидејќи сакал да се врати назад во Лондон.[18][19]

Кристал Палас

Во август 2012 година, Боласие потпишал тригодишен договор со Кристал Палас за необјавена сума.[20][21][22] Тој го направил своето деби во поразот со 2-1 кај Мидлзборо,[23] и го постигна својот прв гол за Палас при победата со 5-0 победа над Ипсвич Таун. Тој брзо станал миленик на навивачите поради неговата упорност, илузија и посветеност на теренот.[24] Сезоната 2012-13 Боласие ја завршил со 44 настапи и 3 постигнати гола и бил еден од најзаслужните за промоцијата на Палас во Премиер лигата, заедно со напаѓачите Глен Мареј (кој со 30 гола бил најдобар стрелец во Чемпионшип таа сезона) и Вилфрид Заха. Сепак, во последниот натпревар од сезоната, финалето на плејофот, Боласие останал неискористена замена во победата со 1-0 над Ватфорд по продолженија.[25] Со оваа победа Палас избориле промоција во Премиер лигата за следната сезона.

Во сезоната 2013-14, Боласие одиграл 29 натпревари за Кристал Палас во Премиер лигата, без да постигне ниту еден гол, но имал 4 асистенции. На 23 ноември 2013, во натпреварот против Хал Сити (1-0 за Палас) бил исклучен во 78-мата минута, откако му бил покажан директен црвен картон.

Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал на 21 септември 2014, во победата со 3-2 над Евертон на Гудисон Парк. На 11 април 2015, постигнал хет-трик за само 11 минути (од 51-вата до 62-рата минута) во победата со 4-1 на гостувањето кај Сандерленд.[26]

Евертон

На 15 август 2016 потпишал за Евертон.

Remove ads

Репрезентативна кариерa

Боласие имал право да ги претставува репрезентациите на Франција, Англија и ДР Конго на репрезентативно ниво преку раѓањето, воспитувањето и наследството, соодветно. Во јануари 2013 година, додека настапувал во Чемпионшип за Кристал Палас, Боласие ја отфрлил можноста да ја претставува репрезентацијата на ДР Конго на Африканскиот куп на нации 2013 тврдејќи дека тој не сака да го наруши напредок во неговата клупска кариера.[27] Сепак, околу два месеци подоцна во март 2013 бил повикан повторно и го направил своето деби во квалификациите за Светското првенство 2014 против Либија.[28]

Remove ads

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads