Јапи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јапи
Remove ads

Јапите се микронезиски народ кој е староседелски народ на островот и сојузната држава Јап во СД Микронезија. Јапите се најброен народ во сојузната држава.

Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...
Remove ads

Историја

Јапите имале добри контакти и однос со околните микронезиски народи и пред доаѓањето на Европејците во регионот. Јапските морепловци пловеле до Палау за камења. Каролинските морепловци го посетувале Јап за време на кризни периоди. Шпанските и германските трговци го колонизирале Јап во 1885 година и започнало христијанизирањето, односно, покрстувањето на народот. Јапонската морнарица го зазела острвот во 1914 година.[1] По Втората светска војна, Јап бил дел од Доверливите територии на Тихоокеанските Острови. Во 1978, Јап станал дел од новосоздадената независна СД Микронезија.[2]

Јапската култура историја и јазик денес се изучува во основноте и средни училишта во државата.

Remove ads

Демографија

Пред Втората светска војна, Јап се соочувал со криза во однос на депопулацијата на островот поради болести и асимилација од Европејците. Антибиотиците по Втората светска војна помогнале да се одбрани населението од европските болести и да се зголеми бројот на населението.[3]

Според пописот од 1994 само 48.1% од населението на Јап се изјаснило како Јапи. Во 2000 година бројот достигнал до 49.1%.[4] Според податоците од 2010 5.7% од населението на СД Микронезија биле Јапи.[5]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads