Јелена Ленголд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Животопис
Десетина години, Јелена Ленголд работела како новинарка и уредничка во редакцијата за култура при Радио Белград. Од септември 2011 година била проектен координатор на Нансенсколен академијата во Лилехамер, Норвешка. Таа живее во Белград, каде работи како професионален писател.[1]
Творештво
Ленголд пишува проза и поезија, а се бави и со преведување. Нејзините творби се преведени на повеќе јазици, како: англиски, италијански, дански, француски, бугарски, романски, македонски, руски, украински, чешки, албански и словенечки. Покрај тоа, нејзините раскази и песни се објавени во неколку антологии на современата српска книжевност. За стихозбирката „Сликички од животот на капелмајсторот“ ја добила нагрдата „Ѓура Јакшиќ“, додека збирката „Бунарот на тешките зборови“ била наградена со „Везот на Ефимија“. Исто така, за збирката раскази „Панаѓурски магионичар“ ги добила Европската награда за книжевност, како и наградите „Женско перо“, „Биљана Јовановиќ“ и „Златен Хит Либер“. Најпосле, нејзината збирка „Рзмаѓепсан свет“ ја освоила престижната „Андриќева награда“.[2]
Remove ads
Библиографија
Ленголд е авторка на следниве дела:[3]
- Распад на ботаниката (поезија, 1982)
- Вретено (поезија, 1984)
- Поднебјето на макот (поезија, 1986)
- Минувањето на ангелите (поезија, 1989)
- Сликички од животот на капелмајсторот (поезија, 1991)
- Накиснати лавови (збирка раскази, 1994)
- Лифт (збирка раскази, 1999)
- Балтимор (роман, 2003, 2011)
- Панаѓурски магионичар (збирка раскази, 2008, 2009, 2012)
- Пресечи ме со пила (збирка раскази, 2009)
- Бунар на тешките зборови (поезија, 2011)
- Во три кај Кандински (збирка раскази, 2013, 2014)
- Избери едно место (поезија, 2016)
- Размаѓепсан свет (збирка раскази, 2016)
- Откажување (роман, 2018)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads