Јенифоча

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јенифоча
Remove ads

Јенифоча (тур. Yenifoça) е град во областа Фоча, во округот на Измир, во Турција, со 11.652 жители.[1]

Кратки факти Mестоположба, Координати ...
Remove ads

Потекло на името

Напишани пооделно зборовите Yeni Foça имаат значење Нова Фоча. Името влече потекло од окружниот центар Фоча (Foça) кој месното население често го нарекува Eskifoça (Стара Фоча).

Географија

Јенифоча се наоѓа на околу 80 km северозападно од Измир и 20 km од Фоча. Toa е мало туристичко место сместено во залив со мало пристаниште, со голем број на стари куќи градени во Отомански и Грчки стил. Во последниве години, овој мал град стана многу популарен за оние кои бараат втор дом, особено од покраината Измир.

Thumb
Пристаништето во Јенифоча

Култура

Многу делови од населбата се под строга заштита на животната средина, особено поради вредноста на флората и фауната, посебно по должината на патот северно од Фоча до Јенифоча, кој поминува покрај бројни хотели и вили за одмор од кои има прекрасен поглед на морската широчина. Како заштитни мерки, новите градби не се дозволени во многу делови на оваа област, со намера да се сочува единствената градба, составена главно од стари куќи.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads