Јованче Поп Антов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јованче Поп Антов
Remove ads

Јованче Поп Антов (4 јануари 1882 во Ваташа28 јуни 1906 во Ваташа) — македонски револуционер, член на ТМОРО.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Тој бил најмал од браќата Поп Антови. Основно училиште завршил во Ваташа, а прогимназија во Прилеп, каде како учител работел неговиот брат Тодор. Контактите на неговиот брат со видни македонски револуционери му овозможиле уште рано да ја осознае идеата на македонската револуционерна орrанизација и да ги прифати нејзините принципи. По завршување на прогимназијата се запишал на Педагошкото училиште во Скопје. Јованче иако палав со немирен дух го сакал својот позив и веднаш по завршувањето на училиштето од страна на црковно-училишната општина е поставен за учител во Кавадарци. Набргу станал член на ТМОРО, а во 1904 година поради неговата револуционерна дејност за да не биде уапсен се илегализирал и се вклучил во револуционерната чета на војводата Добри Даскалов.[1]

Јованче Поп Антов особено се активирал во чистење на теренот во Тиквешијата од врховистичките банди. Во една таква акција против врховистичкиот војвода Јован Радњански бил тешко ранет и приморан два месеца да помине на лекување. Бидејќи раната се комплицирала користејќи ги врските на постарите браќа бил испратен во Солун, каде останал се до конечното излекување. По враќањето во Ваташа станал раководител на месната организација, а извесен период бил и раководител на месната ваташка чета.[1]

...Говорот му беше силен и се наметнуваше. Беше голем идеалист и огнен патриот. Нашето спасение е - велеше само во автономна Македонија.

 Христо Поп Антов (негов брат), [2]

На 28 јуни 1906 година Јованче Поп Антов бил убиен пред селската кафана среде бел ден од страна на еден Турчин член на т.н. "Тајни турски комитети", чија што цел била ликвидирање на сите значајни личности на организацијата, кои биле потенцијална опасност за егзистенцијата на турското население во Тиквешијата.[1][3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads