Јован Скилица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јован Скилица (грчки: Ιωάννης Σκυλίτζης; почеток на 1040те – по 1101[1]) — византиски хроничар од крајот на XI век. Во византиската управа го имал високиот чин куропалат, а претходно бил megas droungarios tes viglas.
Неговото најзначајно дело е „Кратка историја“ (Σύνοψις Ἱστοριῶν), кој го опфаќа периодот од 811 до 1057 год., т.е. од смртта на императорот Никифор I до крајот на владеењето на Михаил IV. Делото на Скилица се смета како продолжение на хрониката на Теофан Исповедник. Постои и продолжение на хрониката на Скилица најверојатно од истиот автор, која го опфаќа периодот од 1057 до 1079 год., а познато е како Skylitzes Continuatus ("Продолжението на Скилица").
Remove ads
Мадридскиот Скилица

Во XII век во Сицилија била изработена копија на делото на Скилица, која денес се наоѓа во Biblioteca Nacional de España (Националната библиотека на Шпанија) во Мадрид и е познато како Madrid Skylitzes (Мадридскиот Скилица), Codex Græcus Matritensis Ioannis Skyllitzes или едноставно Skyllitzes Matritensis. Овој е единствениот зачуван грчки манускрипт, во него има 574 минијатури. Не е јасно дали минијатурите се копија на оригиналните византиски или се додадени кон ракописот.
Remove ads
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads