Јожеф Штефан

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јожеф Штефан
Remove ads

Јожеф Штефан (Целовец, 24 март 1835 - Виена, 7 јануари 1893)[1] — најпознатиот словенечки математичар и физичар.

Кратки факти Јожеф Штефан, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Јожеф Штефан е роден на 24 март 1835 година во малото село Свети Петар, во близина на Целовец (германски: Клагенфурт). Родителите на Јожеф Штефан, иако живееле во близина на Целовец во Австроунгарија (сега Австрија), биле со словенечко потекло и зборувале словенечки. Неговиот татко Алеш Штефан (1805-1872) работел како мелничар и пекар. Мајката на Јожеф, Марија Стартиник (1815-1863), била вработена како слугинка.[2] И двајцата биле неписмени и не биле во брак. Јожеф ја покажал својата брилијантност веќе во основното училиште во Целовец и имал и желба и способност да продолжи во гимназија како што препорачале неговите наставници. Меѓутоа, како вонбрачно дете, тој не можел да оди во средно училиште, па кога имал единаесет години, неговите родители се венчале за да му овозможат на Јожеф добро образование. Во 1846 година се запишал во гимназијата во Целовец.[3]

По завршувањето на средното училиште размислувал да се приклучи на бенедиктинскиот ред и да стане свештеник, но во 1853 година сепак се запишал на Виенскиот универзитет, каде студирал математика и физика. По дипломирањето во 1857 година, предавал физика на студенти по фармација. Само една година подоцна, тој го положи својот докторски испит и станал приватен инструктор по математичка физика на Виенскиот универзитет. Во 1860 година бил назначен за дописен член на Австриската академија на науките. Во 1863 година, му била понудена позицијата професор по математика и физика на Виенскиот универзитет, што го прави најмладиот човек што го постигнал тоа во Австрија. Две години подоцна, тој беше назначен за директор на Институтот за физика на Универзитетот, основан од Доплер во 1850 година.[4]

Remove ads

Научна работа

Денес, главниот истражувачки центар (Институт Јожеф Штефан) во Љубљана исто така го носи името на Штефан.

По оваа работа, Стефан се осврнал на проблемот со поларните ледени капи, се бавел во испитувања на површинскиот напон и испарувањето, при што го предложил она што сега се нарекува „Штефанов број“ и „Штефанов закон“. Тој, исто така, спровел истражување за наизменичните електрични струи, проучувајќи ги индукционите коефициенти на жичените калеми. Неговиот широк опсег на теми може да се илустрира со забележување дека тој исто така дал важен придонес во оптиката, откривајќи секундарни прстени во Њутновите опити.

Животот што го водел Штефан бил целосно посветен на науката. Често спиел во својата лабораторија, а понекогаш поминувал и неколку дена во лабораторија. Со толкава посветеност на својата работа, Штефан имал малку време за пријатели и речиси никаков друштвен живот. Сепак, го сакале неговите ученици кои го сметале за одличен професор по физика. Штефан најголемиот дел од својот живот бил неженет, премногу посветен на својата професија за да има простор за жена или семејство. Меѓутоа, во 1891 ггодина, кога имал 56 години, се оженил со Марија Нојман, која била вдовица. Тој живеел нешто повеќе од една година по почетокот на неговиот брак, претрпувајќи мозочен удар.[3]

Во 1879 година Штефан емпириски покажал дека вкупното зрачење на црно тело е сразмерно на четврти степен на неговата апсолутна температура. Штефан потоа тоа го применил за да ја одреди приближната температура на површината на Сонцето. Болцман, еден од учениците на Штефан, во 1884 година покажал дека овој закон може да се докаже математички (Штефан-Болцманов закон).[5][6] Во таа формула се појавува и широко познатата Штефан-Болцманова константа.

Remove ads

Поими именувани по Штефан

Неколку концепти во физиката и математиката се именувани по Јожеф Штефан:

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads