Јоргован
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јоргован (науч. Syringa) — род од околу 20 видови цветови кои припаѓаат на семејството на маслинките (Oleaceae). Јоргованот е распространет во југоисточна Европа и Мала Азија. Цвета од април до мај.[2][3][4][5]
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |

Remove ads
Опис
Јоргованот е мало дрво, со височина до 10 метри. Гранчињата му сè до 30 сантиметари во пречник. Лисјата главно му се во форма на срце. Цветовите обично цветаат на пролет, а секој цвет е голем од 5 до 10 милиметри. Вообичаено бојата на цветот е виолетова, а исто така го има и во розова, бела и жолта, дури го има и во боја на презреана вишна. Цветот му е како чаура.
Користење
Поради својот убав и миризлив цвет, јоргованот се сади во парковите ширум Европа и Северна Америка. Дрвото на јоргованот може да се користи за правење музички инструменти, но е многу незгоден, затоа што кога се суши, се криви и разлистува.
Јоргованот како тема во уметноста
- „Јоргован-гранка Москва-Варшава“ — песна на рускиот поет Андреј Вознесенски од 1957 година.[6]
- „Јоргованот на Пенсилванија“ — песна на полскиот поет Јан Лехоњ.[7]
- „Јоргован“ — песна во проза на македонскиот поет Блаже Конески.[8]
- „Турски јоргован“ — песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.[9]
- „Две јоргованчиња“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[10]
- „Црниот јоргован“ — песна на полскиот поет Јежи Харасимович.[11]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads