Јордан Камчев

македонски стопанственик From Wikipedia, the free encyclopedia

Јордан Камчев
Remove ads

Јордан (Орце) Камчев (р. 24 јули 1970 во Скопје) — македонски стопанственик. Тој е претседател на Одборот на директори на „Аџибадем систина[1] и извршен директор на фирмата „Орка холдинг“[2] чиј сопственик е неговата мајка.[3]

Thumb
Јордан Камчев

Животопис

Син е на македонскиот стопанственик Илија Камчев кој во времето на СФРЈ бил директор на „Македонија Спорт“.[4]

Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1990 година ја основа фирмата „Орка“ која на почетокот ја води неговиот татко. Подоцна оваа фирма, која на почетокот се занимава само со трговија и спортска опрема прераснува во „Орка холдинг“.

Во брак стапува двапати. Првиот пат со Олга Костовска (ќерка на Трифун Костовски — поранешен градоначалник на Скопје). Во 2007 година стапува во брак со Ана Ѓоргиева.[5]

Remove ads

Инвестиции на Камчев

Камчев е сопственик и акционер во повеќе македонски претпријатија, меѓу кои:

  • Орка холдинг а.д. Скопје
  • Орка спорт
  • Интерспорт
  • КБ Аџибадем систина
  • Систина нефроплус
  • Монт
  • Хотел Мериот — Скопје[6]
  • Hotel ibis Skopje City Center
  • Sushico
  • Медиа принт Македонија (МПМ)[7]
  • Графички центар Скопје — Во сопственост на оваа фирма била фирмата МПМ.[8] Весниците „Утрински весник“ и „Вест“ престануваат со излегување на 29 април 2017 година (два дена по настаните во Собранието кои се случија на 27 април 2018). Фирмата Графички центар е затворена во текот на следниот месец.[9]
  • ЗК Пелагонија
  • Стопанска банка а.д. Битола
  • Здравје редово — млекарница
  • Жито Полог а.д. Тетово
  • Бетон-Штип а.д. Штип

Контроверзи поврзани со инвестициите на Камчев

Бетон — Штип — Според истражувањата на Брин Македонија оваа фирма, во рамките на поректот Скопје 2014, има изведено вкупно 7 објекти во вредност од 54,82 милиони евра.[10]

Офшор-фирми — Според истражувањата на БРИН Македонија во овие фирми („Стопанска банка АД — Битола“, Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, млекарницата „Здравје Радово“ „Бетон“ АД — Штип) се наоѓа и капитал од офшор-компанијата „Ексико“.[11]

Графички центар — Според информациите пласирани од СДСМ во 2014 година фирмата „Графички центар“ во периодот од 2011 до 2014 година од државата има добиено тендери во вредност од околу 10 милиони евра.[12]

ЗК Пелагонија — Според информациите од СДСМ земјоделскиот комбнат Пелагонија е фирмата која има добиено најмногу субвенции, во висина од околу 2,5 милиони евра, од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.[12] Според понови информации, публикувани во 2016 година од страна на БРИН Македонија, за периодот од 2011 до 2014 година ЗК Пелагонија има добиено субвенции во висина од околу 6,4 милиони евра.[13] Според податоците кои ги има публикубано БРИН Македонија ЗК Пелагинија сѐ уште претставува најголем примател на субвенции од државата.[13]

Remove ads

Политички ангажмани и ставови

Во деведесеттите години Камчев е потпретседател на подмладокот на СДСМ кога претседател е Радмила Шеќеринска.[14] На изборите во 1998 година тој е кандидат за пратеник на СДСМ во една од скопските изборни едеиници.[14] Изборите ги губи од Данило Глигоровски (ВМРО-ДПМНЕ). Потоа го напушта активниот ангажман за СДСМ. Во 2003 година излегува од партијата.

Во истиот период неговиот татко е високо позициониран во ВМРО-ДПМНЕ.[14]

Во периодот пред одржување на референдумот за Договорот со Грција тој се изјаснува дека ќе го поддржи.[3] Во истото интервју се вели дека тој повеќе не е пријател со Сашо Мијалков (кум од вториот брак) и дека по тоа прашање се разликуваат.[3][14]

Општествена активност

Во 1998 година, на 28 годишна возраст, Камчев е избран за претседател на Кошаркарска федерација на Македонија,[15] а бил најмладиот на таа функција.

Јордан Камчев е претседател на Фондацијата „Илија Камчев“.[16][16]

Во 2012 година „Орка Холдинг“ донира жирафа на Зоолошката градина во Скопје.[17]

Во декември 2016 избран е за потпретседател на Македонскиот олимписки комитет.[18]

Останато

Угледниот магазин Forbes го прогласува за најбогат Македонец во 2016 година.[14][19]

Поврзано

  • Илија Камчев

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads