Јосиф II Цариградски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јосиф II Цариградски
Remove ads

Јосиф II Цариградски (1360–1439) — Вселенски патријарх од 1416 до 1439 година.

Thumb
Јосиф II Цариградски, фреска од Беноцо Гоцоли, капела на Мудреците, Фиренца.

Роден како син на Иван Шишман и неговата сопруга Сара во 1360 година, малку се знае за неговата младост пред да стане монах на Света Гора. Тој станал митрополит Ефески во 1393 година, пред да биде избран за Цариградски патријарх на 21 мај 1416 година. Заедно со царот Јован VIII, и 23 митрополити и безбројни учители и теолози, тој земал учество на Фирентинскиот собор. Додека бил во Фиренца, тој бил сместен во дворецот „Ферантини“. Тој е прикажан на фреските на Беноцо Гоцоли во капелата на Мудреците во Палацо Медичи Рикарди, што го одбележува влезот на византискитте достојници во градот.

Јосиф II бил доста стар и болен и починал по два месеци на 10 јуби 1439 година. Неговата смрт предизвикала голема тага кај сите присутни на соборот, бидејќи тој бил силен поддржувач на унијата меѓу црквите. Неговиот гроб е зачуван во доминиканската манастирска црква Санта Марија Новела во Фиренца, со детален портрет-фреска во полувизантиски стил. За негов наследник бил избран Митрофан II, кој бил назначен од царот Јован VIII поради неговите проунионистички ставови.

Remove ads

Извори

Повеќе информации Духовни титули ...


Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads