Јужноарапско писмо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Древно јужноарапско писмо (𐩣𐩯𐩬𐩳 ms3nd) — согласно писмо кое се користело за пишување на древните јужноарапски јазици. Писмото настанало во 9 век п.н.е. од прасинајското писмо. Најраните записи на ова писмо датираат од 9 век п.н.е. и истите се пронајдени во регионот на Северното Црвено Море во Еритреја.[3] Како согласно писмо, абџад, се бележеле само согласките и немало букви за самогласки.
Писмото се користело до 6 век, кога овие јазици и ова писмо биле заменети од арапскиот јазик и неговото писмо.[4] Во Етиопија и Еритреја ова писмо се развило во денешното етиопско писмо,[1][2] кое со одредени симболи и измени се користи за современите амхарски, тигриња и тигре, меѓу другите.
Remove ads
Особености
- Најчесто се пишувало од десно кон лево, но можело да се пишува и обратно. Кога се пишувало од лево кон десно, буквите се вртеле хоризонтално
- Одделувањето помеѓу зборовите се вршело со вертикална цртичка (|).
- Буквите не се споени една со друга како во арапскиот.
- Немало надредни знаци, за разлика од арапскиот кој користи такви знаци.
Форми
Јужноарапското писмо имало две форми: „муснад“ или писмо кое се користело за споменици и натписи и „забур“ ракописна форма која се користела за секојдневна комуникација. Древните Јеменци го користеле ова ракописно писмо за пишување на секојдневни документи, најчесто на дрвени плочки или стапови. Мал број артефкати се научно издадени во публикациите бидејќи читањето на таквото ракописно писмо е отежнато за разлика од стандардното
Remove ads
Писмо
Артефакти и натписи
- Артефакти од Националниот музеј на Јемен:
- Артефакти од Јеменскиот воен музеј:
Уникод
Јужноарапското писмо било додадено во уникод во октомври 2009 година со издавањето на верзијата 5.2. Уникодниот блок за јужноарапското писмо е U+10A60–U+10A7F.
| јужноарапско писмо[1] Официјална кодна табела на уникод (PDF) | ||||||||||||||||
| 0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | A | B | C | D | E | F | |
| U+10A6x | 𐩠 | 𐩡 | 𐩢 | 𐩣 | 𐩤 | 𐩥 | 𐩦 | 𐩧 | 𐩨 | 𐩩 | 𐩪 | 𐩫 | 𐩬 | 𐩭 | 𐩮 | 𐩯 |
| U+10A7x | 𐩰 | 𐩱 | 𐩲 | 𐩳 | 𐩴 | 𐩵 | 𐩶 | 𐩷 | 𐩸 | 𐩹 | 𐩺 | 𐩻 | 𐩼 | 𐩽 | 𐩾 | 𐩿 |
Белешки
| ||||||||||||||||
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads