Јулија Домна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јулија Домна, позната и како Јулија Дома, (170 – 217) била член на Северската династија дел од Римското Царство. Царица и сопруга на царот Луциј Септимиј Север и мајка на императорите Гета и Каракала, Јулија била позната по своето неверојатно знаење и по огромното политичко влијание.
Семејство
Јулија потекнува од сириско семејство од градот Емеса (денес Хомс).[1] Таа била најмладата ќерка на висок свештеник Јулиј Басиан, а нејзина најстара сестра била Јулија Меса. Нејзините предци биле кралски свештеници од познатиот храм посветен на Елагабал (syr. Ilāh hag-Gabal). Семејството било многу богато и било назначено за римска сенаторска аристократија. Пред бракот, Јулија го наследила имотот од нејзиниот чичко по таткова линија, Јулиј Агрипа.[2]
Remove ads
Владеење
Кон крајот на 180-те години, Јулија се мажи со идниот император Септимиј Север, за кој се смета дека имал пунско потекло. Бракот бил среќен, а Север ја почитувал својата сопруга и нејзиното мислење о рска со политиката, посебно затоа што таа била многу образована и склона кон филозофија. Имале два сина, Луциј Септимиј Басиан (Каракала) роден во 188 година, и Публиј Септимиј Гета роден во 189 година. Поради нејзината љубов кон филозофијата, Јулија ги штитела филозофите, и помогнала да напредува филозофијата во Рим.[3]

Граѓанската војна
Кога Севериј станал император во 193 година (позната како „Година на петте императори“), тој се соочил со граѓанска војна, која ја водел против противниците Пескениј Нигер и Клодиј Албин. Јулија го придружувала кога патувал на Исток, што било невообичаено за тоа време, бидејќи од сопругите се очекувало да ги чекаат своите сопрузи во Рим.
Преминот на моќта

Како царица, Јулија често била вклучена во сплетки и имала мноштво политички непријатели кои ја обвинувале за предавство и прељуба. Ниедно обвинување не било докажано. Север и натаму ја почитувал својата жена, и инсистирал да го придружува во битките против Бритите, кои започнале во 208 година. Кога Север умрел во 211 година во Еборакум (Јорк), Јулија станала посредник меѓу синовите, Каракала и Гета, кои требало да владеат заедно, според последната желба на нивниот татко. Но браќата никогаш не биле сложни, и често се карале. Истата година, Гета бил убиен од војниците на Каракала.
Така, Каракала останал сам да владее, а неговиот однос со мајка му станал многу лош, а некои извори велат дека најверојатно поради убиството на Гета. Сепак, Јулија го придружувала синот во неговите патувања и битките против Партското Царство во 217 година. За време на ова патување, Каракала бил убиен од заседа, од страна на Макриниј. Јулија се самоубила откако чула за побуната,[4][5] иако се смета дека ваквата одлука ја донела затоа што боледувала од рак на дојките.[6] Нејзиното тело било вратено во Рим и положено во посебен гроб од Мавзолејот на Август). Подоцна, нејзините и коските на Гета биле преместени во Мавзолејот на Хадријан, од страна на нејзината сестра Јулија Меса.[7] Подоцна, била обоготворена.
Remove ads
Аполониј Тијански
Да не била Јулија, ние денес малку би знаеле за легендарниот Аполониј Тијански. По наредба на Јулија, Филострат ја напишал денес познатата „Животот на Аполониј Тијански.[8] Се смета дека Јулија можела да ги заврши осумте тома на Филострат.[4]
Препорака за читање
- (француски) Minaud, Gérard, Les vies de 12 femmes d’empereur romain - Devoirs, Intrigues & Voluptés , Paris, L’Harmattan, 2012, ch. 9, La vie de Julia Domna, femme de Septime Sévère, p. 211-242.
- B. Levick, Julia Domna: Syrian Empress, Routledge, 2007
Поврзано
![]() |
„Јулија Домна“ на Ризницата ? |
- Династија Север
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads