Јулија Крстева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јулија Крстева (бугарски: Юлия Кръстева; родена на 24 јуни 1941) — бугарско-француски филозоф, книжевен критичар, психоаналитичар, феминист и од неодамна, романописец. Крстева живее и работи во Франција уште од 1960-ите. Во моментов е професорка на универзитетот Париз-Дидро. Крстева е исто така основач и управител на комитетот за доделување на наградата Симон де Бовоар.[2]
Крстева достигнува меѓународна слава по објавувањето на првата книга, Semeiotikè, во 1969. Нејзиното големо животно дело брои книги и есеи на темите како интертекстуалноста, семиотиката и идејата за абјектот, во полето на лингвистиката, книжевната теорија и критика, психоанализата, биографијата и автобиографијата, политичката и културната анализа, уметноста и историјата на уменоста.
Remove ads
Животопис
Родена во Сливен, Бугарија во христијанско семејство, Крстева е ќерка на црковен сметководител. Крстева и сестра и како деца посетувале франкофонско училиште. Во раната младост, Крстева се запознава со делото на Михаил Бакхтин. Таа се запишува на Софискиот универзитет, а како пост-дипломец добива истражувачка стипендија која и дозволува да се пресели во Франција во декември 1965, на само 24 години.[3] Продолжува да се образува на неколку француски универзитети, каде работи по менторство на неколку познати мислители, меѓу кои Ролан Барт и Лусијен Голдман.[4][5] На 2 август 1967, Крстева се мажи за писателот Филип Солерс,[6] родено име Филип Жојо.
Крстева има предавано и во САД, на универзитетот Колумбија во раните 1970-ети, каде останува посетувачки професор.[7] Крстева има објавувано книги и под името Јулија Жојо.[8][9][10]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads