Јупитеров полупречник

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јупитеров полупречник
Remove ads

Јупитеров полупречник (RJ или RJup) — единица за должина во астрономијата со вредност еднаква на полупречникот на планетата Јупитер. Изнесува 71.492 км или 11,2 Земјини полупречници (R🜨)[2] (еден Земјин полупречник е еднаков на &100000000000089210000000,08921 RJ). Се користи за изразување на полупречниците на гасовитите џинови, кафеавите џуџиња и некои вонсончеви планети.

Кратки факти Јупитеров полупречник, Симболи ...

Во 2015 г. Меѓународниот астрономски сојуз определил дека номиналниот екваторски Јупитеров полупречник треба да остане ист без оглед на подоцнежните усовршувања во мерењето на RJ. Оваа константа точно се изразува како:

= 7,1492×107 м

Така, номиналниот поларен Јупитеров полупречник точно се дефинира како:

= 6,6854×107 м[1]

Овие вредности одговараат на полупречникот Јупитер при притисок од 1 бар. При употребата на единицата се подразбира екваторскиот полупречник, освен ако не е укажано дека се работи за поларниот.

Remove ads

Споредба

Повеќе информации Тело, RJ / Rтело ...

За споредба, еден Сончев полупречник е еднаков на:

  • 400 Месечеви полупречници (RL)
  • 109 Земјини полупречници (R🜨)
  • 9,735 Јупитерови полупречници (RJ)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads