Јуруково (Леринско)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јуруково (грчки: Γιουρούκι, Јуруки) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[2]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во источниот дел на Леринското Поле, 23 км североисточно од Лерин, недалеку од границата со Р Македонија. Традиционално е познато и како Долно Маало на селото Крушоради.[3]
Историја
Се смета дека во подалечното минато местото било населено со Јуруци, поради што го добило ова име, а подоцна станало македонско село. Така, на почетокот на XX век е забележано дека Јуруково било чисто македонско село во Леринската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Јурук (Юрокъ, Юроково) живееле 216 Македонци христијани.[4][5]
Во понатамошните пописи сè до 1971 г. Јуруково се вбројувало во состав на Крушоради, и затоа за него нема одделна статистика. На пописот од 1971 г. почнало да се брои како одделно, со население од 85 лица. Во понатамошните десетлетија селото бележи пад.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
— : Во првите три наведени пописни години е вбројано во Крушоради како негово маало.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads