Јустинијанова чума
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јустинијанова чума (541–549 година) била епидеммија што го погодила целиот Медитерански басен, Европа, и Блискиот Исток, а сериозно погодени биле Сасанидската и Византиската Империја, особено Константинопол.[1][2][3] Чумата е наречена по византискиот император Јустинијан I (r. 527–565), кој според неговиот дворски историчар Прокопиј се заразил од болеста и закрепнал во 542 година, во екот на епидемијата која убила околу една петтина од населението во престолнината.[1][2] Заразата пристигнала во Римски Египет во 541, се проширила околу Средоземното Море до 544, и се ширела во Северна Европа и Арапскиот Полуостров до 549 година. До 543 година, чумата се проширила до секој агол на империјата.[4][1]
Во 2013, истражувачите ги потврдиле претходните мислења дека причинител на јустинијановата чума била Yersinia pestis, истата бактерија одговорна за Црната смрт (1346–1353).[5]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads