Љубе Зафиров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Љубе Зафиров, исто така познат како Љубе Зафир, роден Љубо Н. Зафиров (роден во Велес, Кралство Југославија) — македонски комунист, политичар и просветител. Деец на Комунистичката партија на Македонија и Југославија. Учесник во НОБ како борец на ПО „Димитар Влахов“. Градоначалник на градот Велес меѓу 1951 и 1953 година. Пратеник во македонското собрание после неговиот мандат како градоначалник. Претседател на комитетот на локална индустрија и занаетчиство.
Remove ads
Животопис
Пред и за време на ослободителната војна
Љубе Зафиров најверојатно е роден во старата велешка населба Дворови, истото место каде што потекнувале и Љубомир Манушев, Борис Бегинов, Сокол Таневски и многу други личности. Покрај 1930-тите тој се приклучил во Комунистичката партија на Југославија. Во 1938 година бил формиран футбалското спортско друштво „Здружение на младината на Југославија“ или ЗОЈ/ЗМЈ (српски: Здружение Омладина Југославије). Некои од членовите биле Љубе Зафиров, Јордан Леов — автор на старата химна на Велес, Данчо Зографски — учител и подоцна претставник од МАНУ и многу други дејци. Во клубот младите социјалисти организирале средби.[1]
Со почетокот на Втората светска војна, Царството Бугарија почнала со нејзината окупација на Македонија. Зафиров не ја подржувал новата фашистичка власт, поради тоа се приклучил во македонското партизанско движење. Учествувал во формирањето на ПО „Димитар Влахов“ и се приклучил во нејзини редови. Зафиров бил групиран во третата чета на одредот заедно со Маца Овчарова, Јордан Леов, Владо Кошулчев и Трајче Петкановски.[2] Неколку дена пред Битката кај Војничка Пештера на 4 декември, партизанската база сместена под Солунска Глава била откриена од Велешката контрачета. Третата чета брзо се повлекла кон реката Бабуна каде што се судриле со контрачетниците. При борбата Љубе Зафиров бил заробен и ранет но не убиен, додека неговите соработници Јован Басаровски и Ристо Најдовски — Шајката биле убиени во Скопје и Папрадиште.[3]
Зафиров бил интерниран во Велес.[4] Покрај завршните операции на народната ослободителна борба Зафиров бил ослободен од фашистичката робија и продолжил да учествува во ослободителната борба. Во чест на неговото заробување еден од стиховите од партизанска песна за ПО „Димитар Влахов“ го спомнува:[5][6]
поимено Мицо војводата,
што станале Љубе ем Завиров,[7]
негов другар Планински Стоилко?
— Го 'јздадова, Маро, магацинот,
па се скупи Мицо дружината,
па преиде пуста Бела Река.
Политичка дејност после војната
После војната Љубе Зафиров зедол учество во новата македонска комунистичка власт. Во третата македонска влада формирана на декември 1946 година, Зафиров бил назначен за министер за комунални работи во 19 октомври, 1949 година. Пред тоа тој бил потпретседател на Градскиот народен одбор на Град Скопје.[8] На 8 февруари 1950 година владата повторно претрпила голема промена, меѓу промените биле и позицијата на Зафиров. Љубе бил назначен за претседател на Комитетот за локална индустрија и занаетчиство.[9] Меѓу 1951 и 1953 година служел како градоначалник на градот Велес. За време на неговиот мандат градот почнал постепено да се шири и развива.
После неговиот мандат како градоначалник тој бил одбран за пратеник во македонското собрание. Според стенографските белешки од втората седница на петтото редовно заседание одржана на 30 јануари 1953 година Зафиров ја подржал одлуката за државниот буџет за 1953 година.[10] Најверојатно починал за време на комунистичкиот режим на Македонија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads