Ќучуккајнарџиски договор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ќучуккајнарџиски договор
Remove ads

Ќучуккајнарџискиот договор е мировен договор од 21 јули 1774 година кој бил склучен меѓу Русија и Отоманското Царство по Руско-турската војна од 1768-1774 година.

Кратки факти Потпишан, Место ...
Thumb

Овој договор бил потпишан по крајот на петтата по ред Руско-турски војни и поразот на Османлиите.[1], која била иницирана од руската царица Катерина Велика против султанот Мустафа III. Договорот бил потпишан во селото Ќучук Кајнарџа, денес Кајнарџа во североисточна Бугарија, во Добруџа, во близина на Дунав и на југоисток од Силистра.

Според договорот, Керч и неколку други црноморски пристаништа од Кримскиот полуостров биле отстапени на Русија остатокот од Кримското ханство било прогласено за независно. Дозволено било на руските трговски бродови да пловат во турските води. Молдавија и Влашка биле вратени под властта на султанот, но Русија стекнала право на мешање во Високата порта (судот на султанот) во име на овие две кнежевства. Покрај тоа, Русија добила одредени права во име на грчките православни поданици на султанот.

Во посебен договор од 1775 година Османлиите ја отстапиле Буковина на Австрија.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads